Важно соопштение: И во последните 24 часа во последното деноноќие голем број на нови случаи кои не ги почитувале мерките – МВР со апел

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 24155 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 361 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 115 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 522 лица им се издадени решенија за изолација, а 7 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *