Венко Филипче конечно со позитивна и убава вест (ФОТО)

Излекувани пациенти им помагаат на други пациенти за побрзо оздравување од коронавирус.

Да даруваме крвна плазма – да бидеме хумани и да спасиме човечки животи!

„На 16 март ми беше дијагностициран и бев прва заболена во општина Теарце.

Поминав релативно лесно, дома без поголеми симптоми, а потоа и два негативни теста.

Во петокот во тетовската служба за трансфузија ми беше земена крв за испитување и беше утврдено дека има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста.

Денеска крвната плазма ја дарував. Ги повикувам сите што ја победиле короната да даруваат крв и да спасат нечиј живот“, рече Јасминка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *