Директорот на СЗО предупредува и предвидува: „Не сме ни близу до крајот, пaндeмиjата се…

„Тешка е реалноста, а ова дури не е ниту блиску до тоа да биде завршено“.

„Пандемијата не е ни близу од тоа да заврши“ – изјавил денеска на брифингот во Женева директорот на СЗО – Тедрос Абхан Гебрејесус.

„Сите сакаме ова да биде готово. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи“ – изјавил Тедрос, пренесуваат од „Ројтерс“.

Според неговите зборови, тешката реалност е тоа што ова не е ниту близу до завршено.

„Иако глобално, многу од земјите постигнаа напредок, пандемијата всушност се забрзува“ – истакнал Тедрос.

СЗО планира да свика состанок оваа седмица за да го процени напредокот во истражувањата за борбата против оваа болест, наведува агенцијата.

Целиот текст и извор на: tocka.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *