Исповед на скршена мајка: Свекрвата со една реченица ми ја врати желбата за живот

Како да се надмине пораѓањето, кога прв пат мајката го прегрне своето здраво дете тоа и донесува неизмерна радост. Се случува мајката и покрај неизмерната среќа на новиот член на семејството да се најде во некој вакуум kаде нејзиниот живот престанува да постои.

Токму тоа и се случило на 24-годишната Сара, мајка која станала очајна поради стилот на живот кој го живеела.

Нејзиниот живот бил нејзиното дете, таа како да не постоела, до еден момент.

Мојата свекрва ми пријде и ми ја стави раката на рамо, ме погледна во очи додека очајна лежев на креветот. Таа ми покажа на мојот четиримесечен син во раце и ми рече љубезно, но строго:

Ова бебе е дел од твојот живот, но тоа не е твојот цел живот.

Климнав со глава како да сфатив, но вистината е дека немав поим за што зборува. Ништо во мојот живот не беше исто, се сè вртеше околу моето бебе.

Ги поминував деновите доејќи го бебето, што е нормално, но освен тоа не правев ништо друго. Ретко го напуштав креветот, а куќата уште поретко.

Вети дека можам да го вратам својот живот, не занемарувајќи го своето бебе и неговите потреби.

Нејзините зборови дојдоа во критичен период за мене, бидејќи тогаш се борев со постпородилна депресија.

Во текот на претходните четири месеци, се посветував на детето, полека искористувајќи го и последниот атом на сила кој го имав, додека не „паднав“, го изгубив идентитетот, освен мајчинството, не постоеше ништо друго.

Се борев и со претерана анксиозност и самоубиствени мисли, не можев да јадам ниту да спијам.

Ги набљудував другите мајки, и се обидував и јас да правам исто што и тие. Во главата имав слика за идеална мајка. Кога во ноќта детето ќе плачеше, јас станував и го земав во прегратка. Не забележував ниту пријатели, ниту сопругот, раскажува Сара.

Целиот текст на: https://zenskimagazin.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *