Македонскиот пратеник се огласи од Инфективна клиника (ФОТО)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во последниот парламентарен состав и кандидат за пратеник од оваа партија во петтата изборна единица.

Антонио Милошоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје од каде се огласи на својот Фејсбук-профил. 

– Почитувани пријатели, денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.

Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.

Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести, напиша Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *