НЕВЕРОЈАТЕН СКОК: Дури 330 нови случаи на Коpoна виpycoт на тестирани 3.686 луѓе кај нашиот сосед Бугарија

Во Бугарија расте бројот на новозаразени со корона вирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 330 нови случаи.

Тестирани се 3.686 луѓе, а починале уште три лица. Вчера беа регистрирани 240 нови случаи, а завчера, 188. Во изминатото деноноќие оздравеле 63 лица.

Во болниците се лекуваат 525 пациенти, од кои 28 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се регистрирани вкупно 6.672 заразени, од кои 262 починале.

Во моментов, активни се над три илјади случаи.

Прочитај повеќе содржини: „Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против виpycoт, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *