Одбил да служи безобразна жена и за тоа добил бакшиш од 32.000 долари (ФОТО)

Ембер Лин Џилс влегла во Старбакс во Сан Диего без маска, а персоналот одбил да ја услужи. Приказната има необично продолжение и води до остварување на соништата на едно момче од персоналот.

На својот фејсбук профил Ембер постави фотографија од момчето кое не ја услужило и напишала: “Запознајте го Ленин од Старбакс кој одбил да ме послужи бидејќи не носев маска.

Следниот пат ќе ја почекам полицијата и ќе донесам доказ дека докторот ме ослободи од носење маска”.

Постот брзо собрал повеќе од 100.000 реакции и коментари, како и речиси 50.000 споделувања, а многу корисници на Фејсбук застанале во одбрана на вработениот.

Оние кои застанале во одбрана на вработениот, тврдат дека тој само си ги извршува своите должности, и дека не треба да се обвини младото момче.

Се беше во полза на Ембер, кога во еден момент беше креирана кампања за бакшиш на детето кое одлучило да не ја услужи безобразната жена.

За само неколку часа, биле собрани повеќе од 32.000 долари кои биле поклонети на момчето кое само ги почитувало препораките за заштита од новиот корона вирус.

Извор: relaxirano.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *