Од денес кризна состојба на дел од територијата на државата – еве ги деталите!

Владата на вчерашната седница донесе одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

Истата е заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила.

Со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.

Со оваа одлука Владата го задолжи Главниот штаб при Центарот за управување со кризи да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија.

Како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.

Органите на државната управа да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи, соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *