Со овие намирници ги уништувате бубрезите: Доколку пречесто ги јадете, го ризикувате вашето здравје!

Најдобро е да бидете умерени со овие намирници…

1. Алкохол – Алкохолот во основа е отров, кој вашите бубрези мораат да го филтрираат. Умереното консумирање алкохол не ја прави оваа работа премногу тешка, но прекумерното создава вистински притисок врз нив.

Преголемата количина на алкохол всушност ја менува функцијата на бубрезите, слично како што ја менува функцијата на мозокот и ги прави неспособни ефикасно да ја филтрираат крвта.

Алкохолот има дехидрирачко својство, а водата е од критична важност за функцијата на бубрезите, како и за секоја поединечна клетка во нашето тело. Оваа внатрешна борба е една од причините поради кои мамурлакот толку пречи.

Многу е важно да пиете многу вода секогаш кога консумирате алкохол.

2. Сол – Натриумот всушност е важна состојка која му помага на телото да одржува правилна рамнотежа на течностите. Работејќи заедно со калиумот, натриумот ја одржува нашата крв за да може ефикасно да филтрира низ бубрезите.

Меѓутоа, кога внесувате премногу сол преку исхраната, бубрезите се принудени да зачуваат повеќе вода за да ја разредат крвта. Тоа на крајот го покачува крвниот притисок и може дури и да ги оштети микроскопските структури во бубрезите кои ја извршуваат филтрацијата – нефроните.

3. Кофеин – На многумина од нас им треба секојдневна доза кофеин за да можат да функционираат наутро, плус вечерна доза или две кога мораат да работат до доцна.

Но затоа што кофеинот е стимуланс, го забрзува протокот на крвта и може да го зголеми крвниот притисок. Тој е и благ диуретик, што значи дека влијае врз способноста на бубрезите да апсорбираат вода и може да доведе до дехидратација.

Во мали количини, кофеинот не им создава премногу стрес на бубрезите. Прекумерната консумација, меѓутоа, може да ги влоши болестите на бубрезите и да предизвика бубрежни каменчиња поради хронична дехидратација.

Сè додека се држите до 2 или 3 кофеински пијалаци дневно и пиете многу вода во меѓувреме, не треба да се грижите!

Извор: https://www.ubavinaizdravje.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *