СПРЕМЕТЕ СЕ: ЦИКЛОН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: СЛЕДУВААТ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ – ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Попладнево и кон крајот на денов, а потоа и во останатите предели од државава ќе има врнежи од дожд.

Локално, особено во западните и во северозападните предели и тоа во текот на ноќта и утре претпладне врнежите ќе бидат ОБИЛНИ (над 40 л/м2) а ќе има услови и за појава на грмежи.

Во текот на утрешниот ден врнежите полека ќе се преместуваат кон исток и ќе ги има повеќе во источните предели.

Особено во јужните и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Поаѓање на температурите, како на минималните, така и на максималните ќе имаме за време на викендот.

И на самиот почеток од следната недела, но дали постои опасност од појава на мраз во утринските часови, особено за земјоделството – детална анализа околу тоа следува понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *