Тажно писмо на една швалерка: 10 години те чекав да се разведеш, а ти не знаеше дека твојата жена…

Како тајни љубовници, имавме успони и падови. Страст и неисполнети ветувања.

На крај се случи: ја остави својата жена. А јас го пакувам куферот. Но не, не заминувам кај тебе.

Нашата приказна траеше точно десет години. Никогаш не памтам годишнини, дури ни родендени (ни твојот, признавам, но го забележав во телефонот), но ова изненадно ми падна на памет, додека го пакував куферот.

Го отворив орманот, барав облека која ќе ја понесам со себе: знаеш како оди тоа, пакување во последен момент, листа на која само прецртувам работи една по друга.

Овој пат беше потешко, бидејќи не се работеше само за уште едно патување, туку за преселба. Заборавив на неа, кога еве ја, на дното на ормарот, црвениот фустан кој го купив за првата вечер кога испаднавме заедно.

Беше тоа импулсивен шопинг бидејќи никогаш немав црвен фустан, бидејќи ме радуваше, бидејќи шушкавата свила ја замислував како твоето милување. Ја изавидв: на етикетата се уште беше закачена сметката од хемиското чистење.

Ете толку малку пати ја носев после. После нашата прва заедничка вечер, нашата прва заедничка ноќ. Како да несакав да ги уништам сеќавањата. На тој црвен фустан, на сите тие бакнежи, на таа убавина.

Беше тоа пред десет години. Ти беше во брак, го знаев тоа. И тоа како знаев. Постојано раскажуваше за својата жена, дури и за своите деца, за последното бебе родено неодамна, за непреспиените ноќи.

Барем тоа беше она за што разговараше со колегите, покрај кафе-апаратот, првиот месец кога дојде помеѓу нас, на обука, на долгите часови кои ги поминувавме близу еден додруг.
Целиот текст на: relaxirano.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *