AРЕА со најава за спектакл во Античкиот театар во Охрид

Во ова време невреме после месеци тишина ние решивме дека заедно со вас треба во еден глас да ги пееме безвременските: „Колку ми значиш“ „Сите мои слики“ „Дозволи ми“ „Нешто недостасува“ и сите други хитови на еден од најдобрите македонски бендови!!!

Ви најавуваме целовечерен концерт на АРЕА!!!

Денот е четврток 6 август со почеток во 22:00 часот на една од најдобрите концертни локации во Македонија, Античкиот театар во Охрид.

Влезниците се во строго ограничен број во ЈУГОТОН, Плоштад во Охрид и сите продажни места на www.kupikartizase.com
продажната мрежа.

Секој посетител е должен да ги почитува протоколите пропишани од владата и комисијата за заразни болести и задолжително е носење на заштитна опрема маска. – стои во соопштението на Sun Production

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *